x

OnePlus 6T: Буџетска цена, премиум спецификации и дизајн

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 04 Февруари, 2019 од GSM.mk

OnePlus е кинеска комапнија која е позната по своите смартфони со ниски цени, а одлични спецификации. Поради тоа, за кратко време стана голем конкурент на популарните компании на пазарот. Уште еден ваков уред е и OnePlus 6T:

OnePlus 6T може да го најдете во Ledikom.mk по одлична цена од 32,590 денари.

Од 2016 година, OnePlus претставува по два смартфони во годината. Едниот од нив користи Qualcomm процесор, додека другиот пристигнува на крајот од годината и доаѓа со подобрувања во дизајнот и перформансите. Вакви уреди се и OnePlus 6 и OnePlus 6T. Па, со какви подобрувања доаѓа 6T во однос на неговиот претходник?

Со повисоката цена, OnePlus 6T доаѓа со 128GB, наместо 64GB меморија, Snapdragon 845 и 8 GB RAM. Истовремено, овој смартфон е првиот уред на OnePlus кој беше претставен во Америка со скенер на отпечатоци под дисплејот. Работи на батерија од 3700 mAh, која подржува брзо полнење. 

Предности:

  • Брз скенер за отпечатоци
  • Голем дисплеј со минимални рамки
  • Подобрени камери
  • Моќни перформанси
Негативно:
  • Нема отвор за слушалки
  • Недостасува безжично полнење

Во однос на дизајнот, на предната и задната страна се наоѓа стаклена конструкција, придружена од алуминиумска рамка. Панелот е 6.4 инчен, со резолуција од 1080 x 2340 пиксели и 19.5:9 сооднос, заштитен со Corning Gorilla Glass 6. 

Како и повеќето модерни смартфони, на задната страна се наоѓаат две камери, од 16 и 20 мегапиксели и селфи камера од 16 мегапиксели. 

Достапен е во виолетова и црна боја. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.