x

OnePlus 6T McLaren: Уникатен дизајн, моќни спецификации и голема брзина

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 09 Март, 2019 од GSM.mk

Во последните години, голем дел од кинеските компании, заедно со луксузните компании за автомобили претставуваа уникатни уреди за своите фанови со голем буџет. По Huawei и Oppo, сега ваков смартфон имаме и од OnePlus:

Станува збор за OnePlus 6T McLaren Edition. Како и другите вакви уреди, промените кај McLaren Edition се највеќе визуелни. Оваа специјална верзија доаѓа со премиум црн дизајн на задната страна, придружен од познатата “Papaya Orange” нијанса на рамката од страните. Специјалните детали на уредот се скромни, но веднаш забележливи. Истотака, има скенер за отпечатоци под дисплејот со портокалови акценти. Во однос на обичниот OnePlus 6T, ова се визуелните разлики со кои доаѓа уникатната верзија. Дефинитивно станува збор за 6T верзијата со најдобар дизајн досега.

На кратко, 6.1 инчниот дисплеј со резолуција од 1080x2340 пиксели е придружен од стаклена конструкција и алуминиумска рамка.

Клучни спецификации:

  • 256GB меморија
  • Android Pie
  • 10GB RAM
  • Warp полнење
  • 6.3 инчен OLED дисплеј
Во внатрешноста на уредот, заедно со батеријата од 3,700 mAh, се наоѓа Snapdragon 845 процесор, придружен од 10GB RAM. На задната страна се наоѓаат две камери, од 16 и 20 мегапиксели со Dual LED блиц и селфи камера од 16 мегапиксели.

Од дополнителните додатоци, во кутијата на 6T McLaren се наоѓа  “warp charge 30” полнач со портокалов кабел и мала книга со историјата на McLaren, како и уникатните додатоци во дизајнот на уредот. Истотака, на смартфонот се наоѓа и McLaren логото, во чест на соработката меѓу двете компании. Суперфановите дефинитивно ќе ги ценат ваквите дополнителни и интересни карактеристики.

Иако обичниот OnePlus 6T е одличен смартфон, McLaren Edition верзијата доаѓа со истите моќни внатрешни спецификации, одлични камери, но и уникатен дизајн кој веднаш привлекува внимание. Благодарение на Ledikom.mk, уредот е достапен и во Македонија - може да го најдете во продавниците на Ledikom, по цена од 47,390 денари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.