x

OnePlus 6T: Официјален датум на претставување и достапност

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 09 Октомври, 2018 од GSM.mk

За голем дел од фановите беше чудно што OnePlus сеуште го нема споделено официјалниот датум на претставување на својот нов уред, OnePlus 6T, за кој слушаме веќе подолго време. За среќа, компанијата конечно сподели малку повеќе информации за него..

За жал, изгледа дека ќе треба да почекаме малку подолго пред да се запознаеме официјално со OnePlus 6T. Наместо на 17 октомври, како што се зборуваше досега, претставувањето на 6T ќе се одржи во Њу Јорк на крајот од месецот - 30 октомври. Добрата вест е што неговото претставување ќе може да го гледате онлајн и во живо. 


Цената на "стандардните" карти ќе биде 30 долари, а продажбата ќе започне од 10 октомври, заедно со “Plus One” картите чија цена ќе биде 50 долари и се наменети за оние кои сакаат да донесат некого "специјален" на настанот. Се на се, OnePlus планира да продаде 1300 карти.

Во однос на неговите спецификации, очекуваме голем, 6.4 инчен AMOLED дисплеј, со резолуција од 1080 x 2340 пиксели и 19:9 сооднос. Во внатрешноста ќе се наоѓа Snapdragon 845 процесор, придружен од 6GB/8GB RAM и 256GB меморија. На задната страна ќе се наоѓа дуален систем камери, чии карактеристики сеуште не се познати, додека батеријата ќе биде од 3700mAh.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.