x

OnePlus 7: Спецификации, цена и интересни новитети!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 11 Април, 2019 од GSM.mk

OnePlus 7 е еден од најочекуваните телефони за оваа година, а неговото претставување е се поблиску и поблиску. Еве се што знаеме за новиот уред на OnePlus:

Постојат три прашања за OnePlus 7:

1. Која ќе биде неговата најголема иновативна функција?

2. Дали конечно ќе понуди премиум камери, слични на флегшип моделите?

3. Дали OnePlus подготвува изненадувања за своите фанови?

Ова се неговите спецификации:

  • Snapdragon 855, 7nm процесор
  • 6.5" AMOLED екран, Full HD 
  • True edge-to-edge дисплеј, без notch
  • Селфи камера на лизгање
  • 6GB/8GB RAM 
  • 128GB+ меморија
  • Dual SIM, без microSD
  • 4150 mAh батерија
1. Најголемата нова карактеристика
Најголемата промена во однос на дизајнот на OnePlus 7 ќе биде вистинскиот edge-to-edge панел. Станува збор за 6.5 инчен дисплеј кој ќе доаѓа со речиси невидливи рамки од сите страни. Како дополнување на тоа, уредот нема notch, туку селфи камерата ќе биде на лизгање - дополнувајќи го неговиот full-screen дизајн.


2. Заменување на најлошото од OnePlus 6T 
OnePlus 6T е неверојатно моќен телефон, со одлични функции и фаворит меѓу смартфон фановите, но има една маана - скенерот за отпечатоци кој е вметнат под дисплејот е одличен избор, но не работи доволно ефикасно и доволно брзо. Поради тоа OnePlus 7 ќе доаѓа со скенер за отпечатоци повторно вметнат под дисплејот, но со нова технологија и побрзи перформанси.
3. Конечно, одлична камера?
За прв пат, OnePlus уред ќе доаѓа со широкоаголна леќа. Доколку имаше едно нешто што им недостасуваше на OnePlus смартфоните досега, тоа беа флегшип камери. Имено, новиот телефон ќе има систем од три камери на задната страна - главниот сензор ќе биде Sony и со 48 мегапиксели, додека секундарната камера ќе биде широкоаголна. Но, како што веќе напоменавме, можеби најинтересната промена во однос на камерите ќе биде селфи камерата на лизгање.

OnePlus 7 rumor review: price, release date, and new features


Цена и достапност
Како и досега, иако нуди одлични спецификации, OnePlus 7 ќе доаѓа со прилично ниска цена, меѓу 580 и 600 долари. Неговото претставување ќе биде при крајот на мај.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.