2020-та година OnePlus планира да ја започне со неколку нови уреди меѓу кои ќе бидат и долгоочекуваните OnePlus 8 и 8 Pro

Кај OnePlus 8 линијата ќе има неколку поголеми и помали промени истовремено. Поголемите промени доаѓаат кај OnePlus 8, а помалите кај OnePlus 8 Pro. Обичната верзија ќе има промени во дизајнот со кои повеќе ќе наликува на Prо уредите. Втората промена е кај камерите кои повторно ќе личат на оние на OnePlus 7T Pro. Истотака, и кај двата модели ќе има една значајна промена на предниот дел каде големиот дисплеј ќе има дупка во горниот дел наменета за селфи камерата. Дисплејот на OnePlus 8 ќе биде 6.5 инчен, а на OnePlus 8 Pro ќе биде 6.7 инчен.
Во однос на внатрешните перформанси ќе очекуваме Snapdragon 865. Овој процесор ќе биде најавен наскоро и ќе има подобрени GPU и CPU перформанси, како и секоја година. Ќе има најмалку 8 GB RAM, а кај Pro верзијата можеби ќе има и 10GB RAM.
Камерите се уште еден дел каде OnePlus 8 и 8 Pro ќе се разликуваат. Pro моделот ќе има четврта ToF камера. Другите три камери ќе бидат како и кај секој смартфон - главна, широкоаголна и една за портрети.
Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.