x

OnePlus 8: Спецификации!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 07 Октомври, 2019 од GSM.mk

OnePlus 7T официјално ќе биде достапен дури на 18-ти октомври, а во меѓувреме се појавија спецификациите на OnePlus 8..

OnePlus 8 се смета за директен следбеник на OnePlus 7T, но повеќе наликува на OnePlus 7 во дизајнот. Тоа е така бидејќи има стаклена конструкција и вертикален систем камери на задниот дел од три сензори. Истотака, ќе има алуминиумска рамка. Бидејќи фановите не беа задоволни од големината на OnePlus 7T, со OnePlus 8 компанијата ќе ги послуша критиките и ќе имплементира помал дисплеј од 6.5 инчи. Целосните димензии ќе бидат 160.2 x 72.9 x 8.1mm.

The OnePlus 8 just leaked weeks before the OnePlus 7T's release


Во однос на внатрешните спецификации, најверојатно конечно ќе видиме безжично полнење. Процесор очекуваме да биде новиот Snapdragon 865, заедно со најмалку 8GB RAM и 256GB меморија. Се разбира, ќе постои и поскапа варијанта со помоќни конфигурации. Ќе работи на Android 10 со 4G технологија. 5G модел нема да биде достапен, бидејќи OnePlus ќе ја чува оваа технологија за поскапата Pro верзија. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.