x

OnePlus го претстави Nord 2T

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 25 Мај, 2022 од GSM.mk

OnePlus официјално го претстави новиот член на серијата паметни телефони Nord.

Станува збор за моделот Nord 2T, првиот паметен телефон што го користи новиот процесор Dimensity 1300 на MediaTek, кој има стапка на освежување на екранот од 120 Hz и поддржува брзо полнење од 80 W.

Nord 2T е вистинскиот наследник на Nord 2 и носи клучни подобрувања во три сегменти: процесорот, селфи камерата и брзината на полнење на батеријата.

Nord 2T е првиот мобилен телефон со процесор DImensity 1300 на MediaTek, изграден на 6nm процес на TSMC, и има едно јадро Arm-Cortex A78 со такт од 3 GHz, три дополнителни A78 јадра кои работат на 2,6 GHz и четири A55 јадра за заштеда на енергија кои работат на 2GHz. Единицата на графичкиот процесор е Arm Mali-G77 MC9.

Уредот доби 6,43-инчен AMOLED екран со FHD+ резолуција, додека стапката на освежување е 90 Hz. Панелот е заштитен со стакло Gorilla Glass 5, а во перфорираниот исечок на екранот има селфи камера од 32 MP.

Назад е главната Sony IMX 766 50 MP камера, а има и ултра широка 8 MP и монохроматска 2 MP камера.

Смартфонот користи OxygenOS 12.1 на Android 12, а се напојува со батерија од 4.500 mAh која поддржува полнење од 80W SuperVOOC.

OnePlus Nord 2T е достапен во боите на Jade Fog и Grey Shadow.




Извор: Кајгана.мк


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.