x

OnePlus ќе најави пет нови смартфони до крајот на годинатс!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 14 Септември, 2020 од GSM.mk

На својата веб-страна, OnePlus потврди дека планира да најави најмалку пет нови смартфони, меѓу кои и OnePlus 8T Pro..

Според типстерот Evan Blass, OnePlus ќе најави пет уреди до крајот на 2020-та. Станува збор за OnePlus 8T, 8T Pro, два OnePlus Nord модели и еден непознат уред со код-името SS9805.

Најпрво, го имаме OnePlus 8T кој ќе доаѓа со 6.5 инчен дисплеј, четири задни камери - 48 мегапикселна главна, 16 мегапикселна која е ултраширокаоголна, 5 мегапикселна макро леќа и 2 мегапикселна за портрети. Веб-страна истотака го спомнува и Pro моделот од 8T. За неговите карактеристики не се познати многу информации, освен дека ќе има главна камера од 64 мегапиксели.

OnePlus website hints at the impending launch of at least four phones, including OnePlus 8T Pro

За Nord моделите знаеме дека барем еден ќе работи на Snapdragon 690 со 5G поддршка и 6GB RAM.

Последниот уред чие име не е познато ќе биде буџетски. Останува да видиме што ќе нуди.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.