x

Опасен вирус ги нападна Android уредите: Купува апликации наместо вас

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 26 Јануари, 2017 од GSM.mk

Android уредите се мета на нов злонамерен софтвер кој тајно купува апликации од Play Store. Злонамерниот софтвер наречен Skyfin, стигнува до уредите преку алтернативни продавници за преземање апликации.

Skyfin автоматски презема апликации на уредите на корисниците кои се инфицирани. Сепак, апликациите не ги инсталира, но ги купува и нивните датотеки ги складира во download фолдерот за корисникот да не ги забележи дека се инсталирани.

Злонамерниот софтвер слуша низа наредби, може да го пребарува Play Store за конкретна апликација, да ја купи, да ги прифати нејзините услови, а може дури и да оцени апликација.  Skyfin го користат напаѓачите и за да ја зголемат популарноста на одредени апликации во Play Store, давајќи им оценки без знаење на корисникот кој не знае дека неговиот уред е инфициран.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.