x

Oppo Find 9: Како би изгледал?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 18 Април, 2017 од GSM.mk

Oppo Find 7 беше претставен во мај, 2014-та година. Од тогаш се случија многу работи. Apple претстави голем број производи, BlackBerry почна да остварува профит, Леонардо Дикаприо доби Оскар, но нема ни трага ни глас од нов уред во Find серијата..

Иако Oppo тврди дека немал никакви планови за нов телефон во Find линијата, фановите тврдат дека постоеле такви шпекулации. Благодарение на нивниот напор, создадоа и концепт за изгледот на уредот.

Вака би изгледал Find 9: прекрасен, со бескраен дисплеј, кој, за жал, најверојатно нема да го видиме никогаш во реален живот. Ви изгледа како нешто што би го привлекло вашето внимание?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.