x

Оригиналниот Galaxy J7 наскоро ќе добие Android 7.0 Nougat!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 11 Јуни, 2017 од GSM.mk

Познат е уште еден Samsung уред кој ќе го добие новиот Android 7.0 Nougat. Овој пат, станува збор за понеочекуван телефон:

Бидејќи е стар околу 2 години, дефинитвно никој не очекуваше Galaxy J7 да добие Android 7.0 Nougat. Но, од непознати причини, Samsung очигледно реши дека J7 (2015) е сеуште доволно популарен да го добие update-тот.

Доколку навистина стане достапен, ова ќе биде вториот поголем update кој ќе се појави кај уредот во една година. Телефонот беше претставен со Android 5.1 Lollipop, а потоа го доби Android 6.0.1 Marshmallow.

Како и да е, Android 7.0 Nougat ќе биде последниот поголем update кој ќе го добие уредот, па доколку сте негов сопственик, дефинитивно вреди да го инсталирате. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.