x

Откажан е новиот гејмерски таблет на Nvidia?

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 16 Август, 2016 од GSM.mk

Веќе неколку месеци кружат шпекулации околу спецификациите, датумот на продажба и цената на новиот Shield таблет на Nvidia. Сепак, дали компанијата ќе се откаже од овој пазар?

Nvidia го произведе Shield Tablet K1 минатата година, кој имаше успех и беше купуван од одредена група на луѓе кои сакаат мобилен уред со високи перформанси. Јавноста се надеваше дека неговиот наследник ќе биде промовиран на IFA 2016 конференцијата во Берлин идниот месец, но за жал ова најверојатно нема да биде случајот.

Наводно, извори блиски до компанијата тврдат дека таблетот е откажан заради бизнис причини, но наводно е поради незадоволителните нивоа на продажба на досегашните два модели, но и се поголемата конкуренција на ова поле. Apple е сеуште неприкосновениот крал на таблетите со iPad, додека пак компании како Razer влегуваат на пазарот со свои уреди кои се прилично моќни.

Што мислите, дали има простор и дали иднината лежи во гејминг таблети?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.