x

Откриена најголемата карактеристика на Google Pixel 2!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 19 Септември, 2017 од GSM.mk

Google Pixel 2 серијата ќе биде претставена на 4 октомври. Иако најверојатно нема да видиме Pixel 2 без рамки, уредот ќе доаѓа со друга интересна функција, која ќе го направи уникатен: Google Lens.

Пред само неколку дена, Google ја претстави новата верзија на Google Photos апликацијата, преку која корисниците најдоа интересна функција која им даде на камерите импресивни "супер моќи". За жал, откако Google забележа дека, најверојатно случајно, ја претстави функција предвремено, веднаш ја исклучи. Од друга страна, функцијата очекуваме повторно да ја видиме во Pixel 2 уредите. 

Па, што е Google Lens? 

Станува збор за паметен систем, кој и помага на камерата полесно да препознава објекти, бар кодови, книги, филмови, слики итн. 

Google Lens може да препознае:

  • слики
  • бар кодови
  • книги
  • градби
  • знаменитости
  • филмови
  • музички албуми
  • места
  • статуи
  • видео игри

Истотака, може да:
  • додава контакти од бизнис картички
  • преведува од различни јазици
  • побара информации за производ
  • отвори веб-адреса во пребарувачот
  • идентификува животни и растенија
  • зачува датуми во вашиот календар од постер

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.