x

Откриени нови детали за Samsung Galaxy S21

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 18 Ноември, 2020 од GSM.mk

Samsung Galaxy S21 се очекува во јануари, а на интернет се појавија нови податоци за овие уреди.

Android Police објави рендери за уредите на кои се гледа модулот за задните камери. Се очекуваат три модели: стандарден, Plus и Ultra. Galaxy S21 ќе има 6,2-инчен екран, моделот Plus ќе има 6,7-инчен екран, а Ultra ќе добие 6,8-инчен екран. Интересен податок за моделот Ultra е тоа што ќе поддржува S Pen пенкало кој можеби нема да се продава заедно со смартфонот.

Уредите ќе го користат процесорот на Qualcomm Snapdragon 875 или Exynos 2100, а ќе биде базиран на Android 11.

S21 и S21 Plus ќе има главни камери од 12, ултрашироки од 12 и телефото од 64 MP. Напредниот модел Ultra ќе добие главна камера од 108 MP, телефото од 10 МP со 3х оптички зум и ултраширока камера од 12 MP.

S21 и S21 Plus ќе поддржува wi-fi 6 и Bluetooth 5.1, a Ultra Wi-Fi 6E.

Ќе го напојува батерија од 4.000, S21 Plus од 4.800, а S21 Ultra од 5000 mAh.

S21 ќе биде достапен во виолетова, розова, сива и бела боја; Plus во сива, црна и виолетова, а Ultra во сива и црна боја.

Цените засега не се познати.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.