x

Откриени тајни кај iPhone, нарушена е безбедноста на корисниците

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 10 Февруари, 2018 од GSM.mk

Компанијата Apple во моментов се соочува со големо нарушување на безбедноста на уредите на нивните корисници. Имено, анонимен корисник на популарната веб-страница за размена на кодови GitHub објави заштитен сигурносен код на iOS кој е наречен iBoot.

Кодот го открива iBoot системот на iPhone кој се активира кога телефонот ќе биде вклучен. Според првите проценки се смета дека сега хакерите ќе бидат во можност да уфрлуваат вируси или уреди за надзор и шпиунажа.

Џонатан Левин, кој има напишано неколку книги за iOS и macOS рече дека откривањето на iBoot кодот ја направи ситуацијата многу сериозна и дека ова е закана за „најголемото протекување на информации во историјата“.

Сепак, експертите наведуваат дека нема потреба веднаш да се паничи, но напоменаа дека хакерите би можеле да го анализираат кодот и подоцна да го користат за манипулација.

Она што е занимливо е дека истиот овој код пред една година беше објавен на Reddit, но таму остана незабележан. Меѓутоа, веројатно е дека неколкумина го забележале кодот додека работеле на ранливоста на iOS пред неколку месеци.

Од друга страна, поради тој претходен пропуст Apple значително ја зголеми безбедноста на iBoot системот кај нивниот iPhone 9, па заради тоа не се сигурни како би можело да дојде до откривање на сигурносниот код.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.