x

Отсега може да додавате хаштаг и линкови на вашиот Instagram профил

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 23 Март, 2018 од GSM.mk

Instagram воведе нова опција која ќе им се допаѓа на корисниците!

Instagram најави дека отсега корисниците ќе може да додаваат хаштаг и линкови во нивниот опис. Доколку кликнете на линкот, ќе ве однесе на друга страна или на туѓ профил. Ако сакате да додадете хаштаг, одете во Edit Profile и потоа во "bio." Кликнете на  "#" или "@", каде ќе се вклучи листа на хаштаг опции и профили. 


Корисникот на Instagram профилот кој сакате да го "тагнете" во вашиот опис ќе добие нотификација. Доколку не сака да го има на вашиот профил, нивното име ќе остане во описот, но нема да може да се кликне на него. 

Новите функции се веќе достапни и за iOS и за Android корисниците. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.