x

Ова е 18 инчниот таблет на Samsung!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 27 Октомври, 2015 од GSM.mk

Минатиот месец, Samsung накратко го прикажа новиот Samsung View, таблет со огромен екран од 18,4 инчи. Конечно имаме повеќе детали за него...

Пред се, цената веројатно нема да биде огромна колку екранот - основната верзија со 32GB меморија (која веројатно ќе може да ја надградите преку MicroSD картичка) со Wi-Fi би чинела околу 599 долари, што воопшто не е скапо за таблет со оваа големина.

Екранот ќе биде со големина од 18,4 инчи и FullHD резолуција од 1920 x 1080 пиксели. Во внатрешноста ќе добиеме octa-core Exynos 7580 процесор кој ќе работи на 1,6GHz, надополнет со 2GB RAM меморија.

Меѓу останатите спецификации се и 2 мегапикселна предна камера, како и батерија која ќе биде способна да издржи помеѓу 7 и 8 часа стандардно користење. Секако, главен адут ќе остане екранот со дијагонала од 18 инчи, но и цената која е типична за таблети со 10 инчни екрани.

Што мислите, дали ова е иднината на таблет-уредите?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.