x

Ова е Apple Watch 2!

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 10 Септември, 2016 од GSM.mk

Оригиналниот Apple Watch е најпопуларниот паметен часовник во светот, а очекувавме големи нешта од неговиот наследник. Конечно, Apple го презентираше на јавноста...

Технички, името на новиот модел е Apple Watch Series 2 или скратено S2. Најголемиот новитет е што часовникот е целосно отпорен на вода, а може да пливате со него и дури да добивате статистики за оваа активност. „Под хаубата“ се наоѓа нов dual-core процесор кој е 50% побрз од минатиот модел, како и целосно нов графички процесор кој е двојно побрз. Со ова, постои огромен потенцијал за апликации специфично наменети за паметниот часовник.

Екранот добива подобро осветлување, со цел полесно да го гледате при директна сончева светлина. Новитет е вградениот GPS, кој веднаш ве лоцира и не мора да чекате да ве најде пред да правите одредена активност (на пример трчање).

Series 2 ќе добие и куќиште од ќерамика, верзија која чини над 1,000 долари, а покрај тоа добиваме и Watch OS 3, најновиот оперативен систем со голем број на подобрувања и апликации.

Цената на стандардниот модел останува 370 долари, додека пак оригиналниот Apple Watch (ланскиот модел) ќе се продава за 270 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.