x

Ова е HTC Vive смартфонот?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Јануари, 2017 од GSM.mk

Vive брендот е добро познат во светот на технологијата, но нема никаква врска со смартфони. Сепак, не би било никакво изненадување ако HTC го искористи успехот на VR уредите и претстави смартфон поврзан со Vive брендот..

Ново промоционално видео, кое нема врска со Ocean Note смартфоните кои ќе бидат претставени на 12 јануари, беше постирано на твитер од Evan Blass. Видеото покажува како тајванската компанија планира да претстави смартфон кои ќе ги изненади корисниците со своите функции и изглед.

Еден од телефоните кои се појавува во видеото го содржи HTC Vive брендот, но не се знае дали станува збор за нов уред или само заштитна маска. Истотака, за жал, не се знае дали сите производи од видеото ќе бидат претставени следната недела на настанот на HTC или ќе треба да почекаме подолго.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.