x

Ова е Motorola Moto X (2017)!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 31 Декември, 2016 од GSM.mk

Еден ден пред крајот на годината добивме нови шпекулации, фотографии и видео од новиот уред на Motorola, Moto X (2017)!

Изгледот на уредот е сличен како оној на моменталниот Motorola Moto X. Димензиите на смартфонот се 150 x 73.8 x 8.4mm. Заедно со задната камера, дебелината на телефонот е 9.5 mm. Моменталниот Moto X е два пати потенок, со 5.2 mm.

Дисплејот на уредот е 5.2 инчен. Иако не се познати други карактеристики, според тие што веќе ги знаеме и според недостатокот на две камери од задната страна, очигледно станува збор за уред од средната класа.

Се очекува да биде претставен на CES следната недела или на MWC во Барселона подоцна, следната година.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.