x

Ова е новата Need for Speed No Limits!

Категорија: Рецензии // Игри Објавено на 16 Декември, 2016 од GSM.mk

EA конечно ја претстави VR верзијата на една од најпопуларните тркачки игри во историјата. Need for Speed No Limits е сега достапна за Android уредите кои подржуваат Daydream VR на Google.

Доколку имате Pixel, Pixel XL, Moto Z или Moto Z Force можете да ја играте играта. Need for Speed No Limits има 60 настани низ 12 патишта и 4 неверојатно реални средини. За играта да биде уште подобра, EA вклучи прекрасни визуелни ефекти со посебно внимание на деталите и одлични звучни ефекти.

Меѓу популарните автомобили кои можете да ги користите се: Subaru WRX STI, Lamborghini Aventador LP 700-4, BMW M4 Coupe и Porsche 911. Секоја од нив може да биде прилагодена и костумизирана по ваше барање. 

Во Need for Speed No Limits ривали ви се Flaming Skulls, Marcus King и The Royals. Колку повеќе трки победите, толку повисока репутација имате. 

За жал, играта не доаѓа бесплатно. За забавата што ја нуди треба да платите 15 долари..

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.