x

Ова е новиот таблет-лаптоп на Lenovo!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 03 Септември, 2016 од GSM.mk

Во јавноста веќе започнаа да кружат информации дека пазарот за таблет уреди полека изумира, така што одредени производители (како Lenovo) сметаат дека иднината е во хибридни уреди...

Хибриден уред значи комбинација помеѓу таблет и лаптоп, односно во идеален случај би го добиле најдоброто од двата света. Новиот Miix 510 ќе ни понуди голем, 12,2 инчен екран со FullHD резолуција од 1920 x 1200 пиксели, кој може да се оддели од тестатурата и работи на допир. Уредот доаѓа со инсталиран Windows 10.

Од аспект на спецификации, може да си составите самите конфигурација, со тоа што максималните перформанси се Core i7 (шеста генерација), 8GB RAM и SSD диск до 1 терабајт. Покрај тоа, може да нарачате и стајлус, наменет за прецизна графичка работа.

Цената на Miix 510 почнува од 599 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.