x

Ова е новиот таблет на Samsung!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 19 Септември, 2016 од GSM.mk

Минатата недела, Samsung официјално го презентираше својот најнов таблет, кој доаѓа заедно со S Pen. Да погледнеме што ќе ни понуди Galaxy Tab A (2016)...

Цената на овој уред ќе биде 440 долари, а добиваме 10,1 инчен екран со FullHD резолуција од 1920 x 1080 пиксели, кој ќе работи на octa-core Exynos 7870 процесор и е надополнет со солидни 3GB RAM меморија. Просторот за складирање на податоци е со големина од 32 гигабајти, но може да го проширите преку MicroSD картичка до 256 гигабајти.

Таблетот доаѓа и со поддршка за 4G LTE мрежа, како и со популарното пенкалце S Pen на Samsung. На задната страна се наоѓа 8 мегапикселна камера, додека на предната страна добиваме 2 мегапикселна камера.

Продажбата започнува во текот на овој месец.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.