x

Ова е првата фотографија објавена на Instagram!

Категорија: Забава Објавено на 21 Август, 2017 од GSM.mk

На 16 јули 2010, беше објавена првата фотографија на социјалната мрежа Instagram. Очекувано, првата фотографија на апликацијата, која во тоа време беше позната под името „Codename“, ја објави основачот и извршен директор на компанијата Кевин Систром.

На фотографијата гледаме куче од расата златен ретривер, кое стои до девојката на Кевин. Името и сопственикот на кучето се непознати.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.