x

Ова е првиот таблет на Nokia?

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 15 Октомври, 2016 од GSM.mk

Големи се шансите Nokia да ја заврши годината со уште еден нов уред на пазарот. Интересното е што најверојатно станува збор за првиот таблет на компанијата. Да погледнеме некои од неговите карактеристики....

Иако долго време се шпекулираше дека уредот ќе биде првиот Android смартфон на компанијата, всушност станува збор за... таблет! Nokia D1C ќе работи на Android 7.0 Nougat, и дефинитивно ќе се издвојува од другите таблети на пазарот. Ќе содржи octa-core процесор од 1.4 GHz (Snapdragon 430?) и Adreno 505 GPU.

Според информациите ќе се состои од 3GB RAM и 16GB меморија. Nokia D1C најверојатно ќе има 16 мегапикселна задна и 8 мегапикселна предна камера, а двете ќе може да снимаат видеа од 1080p. 

Главната работа според која се смета дека станува збор за таблет е големината на екранот. Новиот Nokia уред ќе има 13.8 инчен дисплеј кој ќе подржува 1080p (full HD) резолуција.

Се надеваме дека Nokia ќе даде официјални информации за уредот што побрзо.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.