x

Ова музичко видео беше целосно снимено со Google Pixel 2

Категорија: Занимливости Објавено на 08 Април, 2018 од GSM.mk

По неколку претходни соработки, John Legend и Google повторно работеа заедно. Овој пат, станува збор за новиот спот на пејачот, кој е целосно снимен со Google Pixel 2

Со цел да ги покажат способностите на камерите, компанијата во соработка со John Legend, го снимија спотот за A Good Night целосно со Google Pixel 2. Гледајќи, го видеото тешко ќе откриете дека станува збор за спот снимен со смартфон. Оценете сами:


Ова не е првиот ваков случај. Во 2015, Apple го искористи својот iPhone 6 за снимање на цела епизода од серијата Modern Family, додека Huawei неодамна стана партнер со фотографот Helena Christensen за да го промовира новиот Huawei P20 Pro. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.