x

Ова се 10.5 инчниот и 12.9 инчниот iPad Pro модел!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 07 Јуни, 2017 од GSM.mk

Како што беше очекувано, за време на WWDC 2017, Apple ја освежи iPad Pro линијата со два нови модели. Да ги погледнеме нивните спецификации:

Дисплеј

Едниот од нив доаѓа со 12.9 инчен дисплеј, и е обновена верзија од оригиналниот iPad Pro, кој беше претставен дури во 2015-та година. Другиот, од 10.5 инчи, е нова варијанта од минатогодишниот 9.7 инчен модел. Apple нивните екрани ги опишува како "најнапредните екрани на планетата". Доаѓаат со поголема светлина, HDR и ProMotion.

Хардвер и камера

Двата уреди работат на A10X Fusion, што нуди дури 30% подобри перформанси од претходната генерација. Графичките перформанси се истотака подобрени, наводно за 40%. Камерата е подобрена со исти функции како онаа на iPhone 7. Интересно е што Аpple вети батерија која издржува дури и до 10 часа. Најмалата достапна меморија е од 64GB, а другите се од 256GB и 512GB.

Цена

10.5 инчниот таблет чини 650 долари, додека неговиот поголем брат чини 800 долари. Apple најави и неколку додатоци за таблетите, меѓу кои е и smart тастатура, која поддржува 30 јазици. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.