x

Ова се новите паметни часовници на Google и LG

Категорија: Рецензии // Гаџети Објавено на 20 Јануари, 2017 од GSM.mk

Google се здружи со компанијата LG за да ги произведе првите уреди што работат на Android Wear 2.0, а станува збор за часовниците LG Watch Sport и LG Watch Style.

Официјалното претставување на часовниците ќе биде на 9 февруари, а во продажба ќе бидат пуштени следниот ден.

Шпекулациите за производот почнаа уште летото 2016 година, а во јавноста тогаш се појавија рендери за можниот дизајн. Овој пат Android Police го откри конечниот изглед на уредите.

Станува збор за 14,2 милиметарски паметен часовник во боја на титаниум и темно сина нијанса кој е познат како Watch Sport, како и за неговиот помал брат 10,8 милиметарскиот Watch Style кој е достапен во титаниумска, во сребрена и во златна боја.

Двата часовници ќе бидат опремени со OLED екрани и меморија од 4GB. Сепак, Watch Sport ќе биде значително понапреден, а покрај тоа што е поголем ќе има и поголема резолуција на екранот и повеќе RAM (765MB наспроти 512MB). Исто така, поголемиот модел ќе има и посилна батерија со капацитет од 430mAh наспроти послабиот модел кој ќе има 240mAh.

Паметните часовници ќе бидат опремени со Wi-Fi и Bluetooth технологија, а спортската верзија во себе има 3G, LTE, GPS и NFC.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.