x

Ова се процесорите со кои ќе доаѓаат Nokia 9, 8, 7 и 2!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 14 Јули, 2017 од GSM.mk

Откако ја слушнавме семи-официјалната потврда за новите телефони на HMD Global со Nokia името, конечно добивме малку повеќе информации за нив..

Главно, станува збор за нивните процесори. Иако не се многу информации, може генерално да добиеме идеја за нивните цени и перформанси. 

  • Nokia 2 - Snapdragon 212/непознат Mediatek процесор
  • Nokia 7 - Snapdragon 630
  • Nokia 8 - Snapdragon 660
  • Nokia 9 - Snapdragon 835
Најпрво Nokia 2: Ова е уред за кој не сме слушале многу и затоа не е дефиниран неговиот процесор. Како и да е, очигледно ќе биде најевтиниот од групата.
За Nokia 7 и 8 сме слушнале доста гласини, вклучувајќи и некои дека двата ќе доаѓаат со Snapdragon 660. Но, тоа не е случајот. Според новите гласини, Nokia 7 доаѓа со Snapdragon 630, а Nokia 8 со Snapdragon 660.
На крај, го имаме Nokia 9. Како што беше очекувано, станува збор за премиум модел сo Snapdragon 835. Се очекува да доаѓа со 5.3 инчен дисплеј, резолуција од 1440 x 2560 пиксели, дуален систем камери од 13 мегапиксели и 4/8GB RAM. 

Прототип на Nokia 9



Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.