x

Оваа маска за телефон ќе може да го мери вашиот крвен притисок

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 09 Март, 2018 од GSM.mk

Samsung патентираше нешто слично неодамна, а оваа нова маска ќе може да го мери вашиот крвен притисок преку сензор кој го допирате само со прст..

Samsung, во партнерство со University of California, San Francisco (UCSF), ќе претстави апликација на 15 март, само еден ден пред официјалното претставување на S9, која ќе ви овозможи да го измерите крвниот притисок преку новиот и подобрен сензор кој се наоѓа на задниот дел. Веќе постојат неколку вакви апликации во Play Store, кои обично ја користат камерата и LED блицот за мерење на вредностите на притисокот. Ваквите апликации најчесто покажуваат понизок притисок од реалното, така што пристапот на Samsung е најверојатно пореален.

Маската за читање на крвниот притисок истотака користи сензор и апликација која ви кажува колку силно да притиснете на него, преку што го мери протокот на крвта во прстот и вредностите на крвниот притисок. Истражувачите ја патентираа технологијата и ја лиценцираа на Digitouch Health. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.