x

Оваа нова Samsung функција ќе го промени начинот на кој гледаме телевизија засекогаш!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 08 Декември, 2019 од GSM.mk

Smart телевизорите стануваат новиот стандард и во однос на обичните телевизори имаат неколку корисни опции и функции...

Samsung најави нова функција која звучи навистина корисно. Компанијата патентираше технологија наречена “Samsung Tap View” која, како што кажува самото име, овозможува лесно да го пресликате дисплејот на вашиот смартфон само преку еден клик на вашиот Smart телевизор. 

Софтверските системи како Miracast или Chromecast го направија пресликувањето многу едноставно, но некогаш е потребно да се направат неколку уредувања, особено со WiFi конекцијата или со Google профилот. Од друга страна, новонајавениот Tap View систем на Samsung го прави целиот процес побрз и поефикасен. Која технологија точно се користи кај оваа функција сеуште не е познато, но очигледен избор би бил NFC. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.