x

Овој смартфон може да "вкуси" слатка храна и да идентификува фалсификувани лекови!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 12 Јануари, 2017 од GSM.mk

Доколку сте фанатик на нови телефони, тогаш ви го претставуваме овој смартфон кој е толку неверојатен и нов изум во технолошкиот свет што изгледа како да е од филм, сместен стотици години во иднината!

На CES 2017 беше претставен Changhong H2, телефон со сензор кој може оптички да скенира објекти и покаже од што се направени. Станува збор за речиси infrared спектроскопија, техника која сјае светлина на објектот и ги мери промените во светлината како резултат. На така уникатен начин може да открие од што се направени нештата на молекуларно ниво.

This upcoming smartphone can "taste" sweetness, measure body fat, and identify counterfeit drugs

Па, каква е неговата употреба? На пример, со храна: Иако секој производ има етикети кои ги покажуваат неговите нутритивни вредности, со овој уред ќе може да скенирате храна, спакувана или не, и да добиете корисни информации од што е составена. Дијабетичар на ваков начин може да открие какво влијание одреден оброк ќе има на шеќерот во крвта. Или пак, може да скенирате намирници во продавница и да ги одберете најслатките и највкусните јаболки.


Истотака, со H2, може да ја проверувате и својата здравствена состојба и нивото на масти во телото додека вежбате. Со некои апликации кои се достапни на телефонот може да се одвојат вистински материјали од лажни. На пример, при купување на накит, може да открие дали станува збор за вистински дијамант или циркон. Со ваквата функција, може да одвои и вистински од фалсификувани лекови.

Сеуште не се знае кога и каде ќе биде достапен уредот, ниту колку ќе чини. Но, бидејќи станува збор за кинеска компанија, каде уредите се продаваат по цена од околу 400 долари, може да станува збор за навистина евтин уред со неверојатни карактеристики.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.