x

Патот до првиот трилион: iPhone 8 ќе ја направи Apple првата компанија од трилион долари!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 12 Јули, 2017 од GSM.mk

Највредната компанија во светот во моментов е Apple. Благодарение на iPhone уредите, компанијата во моментов вреди 752 милијарди долари. Но, новиот iPhone 8 ќе ги промени тие бројки...

Според аналитичарот Brian White, Apple ќе биде првата компанија во историјата која ќе вреди трилион долари. Ваквиот моќен потег ќе биде благодарение на претставувањето на новиот револуционерен iPhone 8 модел. 

Иако е тешко да се поверува, White смета дека Apple е една од најпотценетите компании во Америка. Како пример, Apple го наведува 16:8 соодносот на Apple. Не, тоа не е тело-дисплеј соодносот кој толку често го зборуваме кај смартфоните. Станува збор за соодносот на цените на компанијата, што значи дека за секој долар по акција во нето приходите, цената на акциите на Apple е во вредност од 16,90 долари. Слични компании имаа поскапи цени. Фирми како Google (31), Amazon (183) и Microsoft (30) имаат речиси двојно поскап сооднос од Apple. 

White смета дека компанијата ќе заработи 202 милијарди во следните 12 месеци. Тоа значи дека на компанијата ќе и требаат околу 46 милијарди долари за да стигне до магичниот трилион. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.