x

Педофилите ловат деца преку апликацијата Yellow

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 15 Април, 2017 од GSM.mk

Американската полиција предупреди дека педофилите искористуваат деца преку мобилната апликација Yellow што служи како едноставен и бесплатен начин за склопување пријателства и допишување, објави Independent.

Апликацијата може бесплатно да се симне од Google Play и App Store, а функционира на сличен начин како апликацијата Тinder. Откако двајца луѓе ќе се спојат на Yellow може да си праќаат пораки, фотографии и да се поврзат на Snapchat.

Меѓутоа, Yellow е дозволена за многу помлада популација од Tinder. Деца од 13 до 17 години може да направат профил со согласност од родителите, но апликацијата е достапна и за возрасни.

Иако Yellow не дозволува корисниците над 18 години да им се обраќаат на малолетниците, апликацијата не бара никаква верификација за годините при пријавување, што значи дека корисниците може да лажат за својата возраст.

Полицијата ги предупреди училиштата и родителите од потенцијалните опасности за децата од оваа апликација.

Оттаму објаснуваат дека педофилите на оваа апликација се претставуваат како помлади личности, многу лесно стапуваат во контакт со децата и ги убедуваат да им праќаат разголени фотографии.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.