x

Пет технологии што секоја компанија ќе ги има до 2020 година

Категорија: Занимливости Објавено на 01 Декември, 2016 од GSM.mk

Во 1975 година кога на сите бироа „чукаа“ машините за пишување, технолошките визионери зборуваа за компјутери кои ќе станат дел работниот простор. Машините за пишување завршија во историјата, а технологиите како лаптопите и интернетот доминираат на работа.

Но, кои се револуционерните технологии за кои зборуваат денеска експертите? Forbes состави листа на пет такви изуми кои би можеле да бидат вообичаен работен „инвентар“ до 2020 година:

Роботи место работниците во канцелариите

Извршниот директор на Yahoo, Мариса Меер предизвика реакции кога објави дека работниците во иднина нема да можат да работат од дома или од далечина. Но, до 2020 година напредокот на интернетот и мрежите би требало да овозможат многу поголем трансфер на податоци.

Тука може да помогнат роботите како оној на Suitable Technologies, Beam telepresence роботот. Овој 1,5 метри висок робот има екран на кој ќе се гледа ликот на работникот кој работи на далечина и кој има целосна контрола врз неговото движење низ канцеларијата. Микрофоните и камерите ќе помогнат роботот секогаш да биде во тек со она што се случува во близина.

Сензори насекаде

Уште сега постојат апликации за препознавање на гласот или на ликот. Но до 2020 година, технологијата ќе овозможи сензорите да бидат насекаде распространети, покажува Microsoft Envisioning центарот кој ги презентира истражувањата на компанијата во сферата на контрола со гестикулации и можноста на машините да учат.

Така на пример, во текот на разговорот, сензорот за препознавање на гласот постојано ќе работи во позадината за да го фати контекстот - како спомнувањето на состанок што потоа ќе биде впишан во календарот, а истата технологија ќе може да се користи и за превод во реално време.

Сензорите за препознавање кои ќе се вградуваат во компјутерите ќе ја елиминираат потребата од пасворд бидејќи ќе го познаваат сопственикот.

3Д печатење

Ако работата ви е поврзана со дизајн, можно е во блиска иднина да имате 3Д принтер на бирото. Технологијата овозможува создавање на три димензионални објекти со додавање на материјал слој по слој, базирани на компјутерски генериран дизајн се додека не се создаде посакуваниот предмет.

Тоа ќе им овозможи на дизајнерите за брзо време да добијат прототип и веднаш да ги корегираат евентуалните грешки во дизајнот.

Контрола со гестикулации

Иднината е во нашите раце, буквално. Врвните технологии за контрола со гестикулациите им овозможува на корисниците да ги контролираат компјутерите преку движење на рацете без потребата од глувче и тастатура.

Оваа технологија е се уште нова, а производителите се уште срамежливо се обидуваат да ја интегрираат во своите производи. Претпоставките се дека ваквиот начин на контрола на компјутерите е многу поприроден, па за време на некоја презентација, учесниците ќе можат само со движење на раката да ги менуваат слајдовите.

Технологии за дополнета реалност што може да се носи

Денеска смартфоните и таблет компјутерите ни помагаат да фотографираме, да снимаме, да комуницираме и да добиеме насоки, но во иднина, за тоа ќе ги користиме уредите што ги носиме на себе.

Една таква технологија е Google Glass која треба да се појави до крајот на годинава, а овозможува преклопување на информации со погледот што го имаме на реалниот свет - како што се насоки или пак објаснувања за некои места. Потенцијалот е огромен, а ќе бидат потребни неколку години за оваа технологија да стане дел од секојдневието и од работата.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.