x

Pixel 3, Pixel 3a, па дури и Pixel 2 добија одлична функција кај камерите!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 08 Ноември, 2019 од GSM.mk

Google додаде неколку нови функции кај Pixel 4 серијата кои сега ќе бидат достапни и кај постарите модели..

Новите Pixel модели имаат втора камера на задниот дел - прв пат кај Pixel моделите. Покрај обичниот 12.2 мегапикселен сензор, има и втора камера од 16 мегапиксели со 2x оптички зум. Но, како и кај останатите Pixel модели, трикот е всушност кај софтверот. Овие уреди имаат и подобрена Night Sight функција за слики при ниска светлина. Но, истовремено, со Night Sight, Pixel 4 корисниците можат да прават астрофотграфии. 

Кога уредот е во Night Sight, со цел да се направат вакви слики, телефонот треба да биде сместен на рамна површина и да не се мрда. Потоа, уредот ќе направи околу 15 фотографии за 4 минути. Користејќи AI, фотографиите ќе може да забележат било какво движење во текот на 240 секунди. Со нив, Pixel 4 корисниците можат да прават прекрасни фотографии од небото и ѕвездите. 

Добрите вести се што сега оваа функција не е ексклузивна само кај Pixel 4 уредите, бидејќи Google реши да ја претстави и кај Pixel 3, Pixel 3a, па дури и кај постариот Pixel 2.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.