x

Pixel 4: Спецификации

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 10 Септември, 2019 од GSM.mk

Google Pixel 4 серијата ќе доаѓа со неколку промени и во дизајнот и во спецификциите. Еве за што станува збор:

Pixel 4 ќе има 5.7 инчен AMOLED панел со резолуција од 1080 x 2280 пиксели. Поголемиот Pixel 4 XL ќе има поголем, 6.3 инчен AMOLED панел со повисока резолуција од 1440 x 3040 пиксели. Двата ќе имаат тело-дисплеј сооднос од 19:9. 

Уште една разлика меѓу нив ќе биде во батеријата - обичниот Pixel ќе има батерија од  2800mAh, додека поголемиот ќе има батерија од 3700mAh, придружени од  Snapdragon 855 и 64/128GB меморија.

Бидејќи Google Pixel серијата е позната по своите камери, овие уреди ќе имаат најголеми подобрувања во овој дел. Сега за сега знаеме дека ќе доаѓаат со 8x зум, Night Vision и Motion Mode. Ќе станува збор за три камери на задната страна и една селфи камера. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.