x

Pixel C: Одговорот на Google за Apple iPad Pro

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 03 Октомври, 2015 од GSM.mk

Google конечно има вистински одговор за Apple iPad Pro и за Surface таблетите на Microsoft, а тоа е моделот Pixel C. Станува збор за 10,2 инчен таблет кој е првиот уред што Google го произведува без помош од друг партнери.

Pixel C е еден од оние таблети кои лесно можат да се трансформираат во лаптоп и тоа благодарение на паметната Bluetooth тастатура која се продава посебно.

Pixel C ќе го користи оперативниот систем Android Marshmallow, а доби NVIDIA Tegra X1 процесор и 3 GB RAM. Таблетот има USB-C конектор за брзо полнење и преземање на податоци.

Продажбата на таблетот треба да стартува пред крајот на годината. Верзијата со 32GB ќе има 499 долари, додека верзијата со 64GB ќе биде 100 долари поскапа.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.