x

PlayStation 5 почнува нова ера: Овие игри ќе бидат најпопуларни

Категорија: Забава Објавено на 17 Март, 2020 од GSM.mk

Менаџментот на Sony задолжен за конзолата PlayStation 5 инсистира на развој на акционо-авантуристички игри наменети за еден играч.

PlayStation ви изинативе години се прослави со single-player игрите, особено со наградуваните наслови како God of War и Spider-Man.

На листата треба да се набројат и Uncharted 4, Horizon Zero Dawn, Until Dawn, The Last of Us, а сепак тешко е да се состави конечна листа од најдобрите акционо-авантуристички игри кои во изминатиов период го привлекоа вниманието на гејмерите.

Што им е заедничко на сите овие игри?

Станува збор за игри базирани на приказни наменети за еден играч. Добрата вест за играчите кои уживаа во нив е дека менаџментот на Sony задолжен за развој на нови конзоли инсистира токму на нивниот развој.

Шефот на PlayStation Worldwide Studios Хермен Хaлст на официјалниот блог на компанијата откри неколку детали поврзани со single-player игрите на петтата генерација PlayStation.

„Многу сме посветени на развој на хардверот, како што беше и претходно. Продолжуваме да вложуваме напори. Посветени сме на развој на ексклузивни наслови и авантуристички игри засновани на моќни приказни“, објаснува Халст и додава дека со истражувањето нови, свежи идеи компанијата презема ризик кога станува збор за PlayStation 5.

„Отворени сме за експерименти. Ќе пробаме неколку новитети за да сфатиме како функционираат. Ќе се забележи влијанието на Worldwide Studios“, нагласи Халст.

Sony уште нема прецизирано какви детали да очекуваме од новите игри на PlayStation 5, а  прогнозите велат дека конзолата може да се очекува пред божикните и новогодишните празници.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.