x

По 6 години, конечно официјална Instagram апликација за Windows Phone!

Категорија: Софтвер // Windows Phone Објавено на 11 Март, 2016 од GSM.mk

Чекањето конечно се исплатеше! Иако е предоцна, сепак Windows Phone корисниците добија Instagram апликација за своите телефони и таблети. Да погледнеме...

Апликацијата е достапна за Windows 10 Mobile, а сеуште е во бета-тестирање. Бидејќи всушност станува збор за порт од iOS верзијата, поседува и емулација на 3D Touch способностите од iPhone 6s. Сепак, засега сеуште има одредени проблеми - на пример, не можете да се логирате со вашиот Facebook профил, а исто така не можете да ја користите функцијата за споделување на содржини.

Instagram исто така им вети на Windows Phone корисниците дека ќе додаде ексклузивни филтри и опции само за нив. Се прашувате зашто им требаше толку долго?

Пред неколку години, Instagram и Facebook воопшто не беа заинтересирани за портирање на своите апликации на Windows Phone, бидејќи имаше само 3% од пазарот на светско ниво. Сепак, Microsoft и Facebook постигнаа договор, со тоа што го вклучија Instagram во Windows Bridge програмата за конвертирање на апликации од други платформи.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.