x

По четири години, Samsung Galaxy S7 и S7 edge нема да добиваат нов update!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 08 Април, 2020 од GSM.mk

Samsung направи неколку промени во својата листа на уреди...

Со новата одлука, Samsung ги отстрани S7 и S7 edge, кои беа претставени во 2016-та, отсега нема да добиваат update. И двата уреди го добија update-тот во март, но понатаму ќе добиваат само одреден мал update за безбедност. 

Кога беа претставени, S7 уредите работеа првично на Android 6, кој следната година беше променет со Android 7 и, финално, Android 8 во 2018-та. 

Од друга страна, S10 и Note 10 серии кои беа претставени минатата година само што го добија новиот One UI 2.1 update. Но, претходните модели, Note 9 и S9 кои беа претставени во 2018-та не го добија и покрај тоа што беа најавени пред помалку од две години. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.