x

Почнува продажбата на Huawei P40 Pro и на македонскиот пазар во пакет со Huawei Watch GT 2, 50 GB меморија на Cloud и Huawei VIP Service

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 28 Март, 2020 од GSM.mk

Предводникот на серијата P40 – Huawei P40 Pro, објавен вчера на глобалниот онлајн настан, ќе биде достапен на корисниците на Северна Македонија од 6-ти април во атрактивен пакет со Watch GT 2 и алатката Huawei VIP Service.

Пакетот започнува со продажба исклучиво на продажните места на Сетек од 06.04.2020 до 30.06.2020 (Македонски Телеком и Нептун кон крајот на месец април) или додека не се потрошат ограничените количини, по препорачана крајна цена од 59,999.00 денари.

Дополнително складирање од 50 GB и HuaweiVIPService

Покрај Watch GT 2, пакетот со кој се започнува продажбата на Huawei P40 Pro, вклучува и 50 GB бесплатно складирање за 12 месеци на Huawei Mobile Cloud.

Huawei P40 Pro е исто така дел од програмата HuaweiVIPService, со која компанијата ќе понуди удобна лична помош за непречена транзиција кон користење на новиот смартфон базиранна Android 10, со познатиот интерфејс EMUI 10.1и доаѓа со сопствената продавница за Апликации на компанијата - Huawei AppGallery.

На располагање на потрошувачите е и бесплатната линија за услуги на клиентите - 0800 55 550, како и официјалниот Фејсбук профил.

Пакет од иновации

Huawei P40 Pro доаѓа со 8 GB RAM меморија и 256 GB внатрешно складирање, како и квадратен 6,58-инчен OLED дисплеј, и импресионира со досега невидениот четирикратен фотографски систем развиен заедно со Leica. Таа се заснова на физички најголемиот CMOS сензор во мобилните уреди, кој заедно со многу други иновативни технологии придонесува за незамислив квалитет на фотографии и видеа во какви било услови, дури и во услови на многу слаба осветленост. Врз основа на ултра моќниот чипсет Kirin 990 5G, новиот предводник ја има целата моќност што му е потребна за да може да работи непречено и со најпребирливите апликации, и да користите напредна вештачка интелигенција за да добиете опции како избор на најдобар кадар при брзо снимање на подвижни предмети, отстранување на несакани предмети, случајно влезени во кадарот, приближување на звукот до сликата при снимање видео и многу други. 

Селфи-камерата е исто така достојна за целосниот иновативен пакет - тоа е двојна камера од 32MP, со што се гарантира природен ефект на вашиот автопортрет, а со неа можете да снимите дури и 4K селфи видео.

Watch GT 2 е уред кој ни помага да го промениме нашиот став кон здравјето, начин на живот и физичка активност на дневна основа. Со траење на батеријата до 2 недели, следење на 15 типови спортски активности, постојано следење на срцевата фреквенција и нивото на стрес, мерење на квалитетот на спиењето и нудење вредни совети за подобрување на истите преку Huawei Health App, Watch GT 2 е пример за тоа како екосистемот на поврзаните уреди помага во подобрување на целокупниот квалитет на живот на потрошувачите.

Боите во кои P40 Pro ќе биде достапен на македонскиот пазар се Black, Ice White и Silver Frost. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.