x

Подемот и падот на т.н уред од 400 долари

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 15 Јули, 2017 од GSM.mk

Ова време минатата година се зборуваше за нов тип на телефон, таканаречениот "уред од 400 долари". Една година подоцна, се помалку се зборува за овие уреди. Што навистина се случи?

Како започна се

Во последните неколку години, често се случуваше одредена компанија да претстави смартфон со одлични спецификации кој чинеше речиси половина од цената на популарните телефони на пазарот. Но, минатата година немаше само еден или два вакви уреди: најчесто, група новоформирани компании започнаа да продаваат смартфони со одлични перформанси за неверојатна цена од 400 долари и помалку. Истовремено, популарните брендови продаваа телефони со исти спецификации по цена од 600 долари и повеќе. Речиси изгледаше дека ваквите скапи смартфони ќе бидат заменети со овие евтини, премиум, модели. 

Подемот

Концептот за уредот од 400 долари започна некаде во 2012 година, со претставувањето на Nexus 4. Google го претстави овој уред кој вредеше речиси половина од цената на Apple и Samsung моделите. По него, се појавија Nexus 5 и Nexus 5X и потоа... тишина. За среќа, новопојавените кинески компании ја спасија ваквата ситуација. Конкретно, најголема заслуга има OnePlus. Оригиналниот OnePlus се појави во 2014 по цена од 300 долари, а потоа и неговите следбеници со истите поволни цени. Во 2016, останатите компании, како Zte, Huawei и Xiaomi се приклучија на трендот. Дури и Apple го забележа успехот на трендот и го претстави iPhone SE, најевтиниот iPhone досега. 


Падот

Но, во 2017-та ваквиот тренд повторно го снема. OnePlus, кој се сметаше за лидер на ваквиот концепт, ги зголеми цените на новите уреди речиси двојно, а оригиналниот уред од 400 долари, OnePlus 2, никогаш не го доби Android 7.0 Nougat update-тот кој му беше ветен. ZTE не произведе следбеник на Axon 7, Honor 8 станува се постар, а новата верзија на уредот не е достапна во Америка. Единствена компанија која можеби сеуште го следи ваквиот тренд е Xiaomi, но новите уреди се снабдени со оперативен систем полн со реклами кои го уништуваат искуството на корисниците. 

OnePlus, the poster child of the '$400 flagship' movement, keeps raising prices. Image shows price evolution of OnePlus series, from OnePlus One (left) to OnePlus 5 (right). Image courtesy of Rozetked on YouTube.

Заклучок

Студената и брутална реалност на бизнисот и профитот го уништи ваквиот концепт. Иако сеуште постојат одлични телефони кои се продаваат по поволни цени, ниеден од нив нема карактеристики на вистински премиум модел. Концептот за уред од 400 долари беше одличен додека траеше, но сега веќе исчезна. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.