x

Подгответе се: Пристигнуваат големи промени на Facebook!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 15 Март, 2019 од GSM.mk

По големиот број скандали, Facebook подготвува големи промени во однос на приватноста и безбедноста на своите корисници...

Во изјава за компанијата, Zuckerberg најави дека безбедноста на своите комуникациски платформи отсега ќе биде најважна и ќе и биде посветено повеќе внимание. Компанијата подготвува еден вид нова платформа која ќе им овозможи на корисниците да се поврзат меѓу себе на поприроден начин.

Покрај тоа, Zuckerberg продолжи дека приватните пораки, како и групните разговори се областите со најбрз раст во денешната онлајн комуникација, а Facebook ќе ги обнови своите функции околу приватноста. Имено, корисниците ќе имаат поголемо право во изборот на луѓето со кои комуницираат, а разговорите ќе бидат достапни само за оние кои директно учествуваат во нив. Оваа порака ќе биде заштитена од двете страни, што значи дека Facebook нема да може да ја прочита.

Пораките ќе бидат кратки и ќе траат доволно долго за да бидат прочитани од двете страни. Истотака, уште една важна цел на компанијата е да ги направи веќе постоечките апликации, како Messenger и WhatsApp побрзи, поприватни и побезбедни. Zuckerberg ја заврши изјавата велејќи дека "комуникацијата со вашите пријатели и вашето семејство на Facebook ќе стане значително поприватно и побезбедно искуство". 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.