x

Поглед во иднината: Како ќе изгледаат смартфоните во 2040 година?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 10 Август, 2018 од GSM.mk

Замислете како некој ви покажува смартфон од 2040 година. Како би изгледал и што ќе има на него? Никој не знае сигурно, но еве каде не води нашата имагинација:

Изглед

Досега, смартфоните не само што ги изгубија приклучоците за слушалки, туку доаѓаат и без Power и копчиња за звук. Нешто ново што сметаме дека ќе го има кај идните уреди се always-on екраните. Замислете телефон кој, кога е заклучен, наликува на алуминум, злато или мермер. Го земате во рака и предниот дел ја открива вашата позадина. Истотака, нема потреба да се грижите за кршење или гребаници, Silverback Glass 15 ќе го направи вашиот смартфон речиси невозможен за уништување. 

If you want a sleek custom look today, you have to apply a skin by companies like dbrand

Камери

За толку години, не е чудно камерите да имаат подобар квалитет од самото човечко око. Ultra-slow-motion 16K снимања? 20x оптички зум? Неверојатен квалитет и реални бои? Без проблем. 

Breathtaking night sky photos will be as easy as point-and-shoot

Безбедност

Смартфон од 2040 година не само што ќе го препознава вашето лице, отпечаток и око, туку ќе знае за кого станува збор само што ќе го ставите во рака. Само доколку вие не дозволите некој друг да го користи вашиот уред, никој нема да може да го направи тоа. 

Батерија

Нема ни да се обидеме да погодиме со какви батерии и колкав капацитет ќе доаѓаат батериите дотогаш..

Imagine life without worrying about battery life...


Екстра функции

Нормално, освен подобрувања на веќепознатите спецификации, смартфоните во иднината очекуваме да вклучуваат и некои нови и интересни опции - 3D мапирање, виртуелно ID, следење на вашите движења во секој момент и уште многу други..


Дали нашите визии се далеку од реалноста? Останува да видиме. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.