x

Поглед во иднината: Подводен дрон и VR очила за ловење риби

Категорија: Рецензии // Гаџети Објавено на 17 Јануари, 2017 од GSM.mk

Дроновите имаат различни намени во небесните височини, а овој пат можеме да видиме како би изгледало кога би се употребувале за ловење риби.

PowerVision создаде подводен робот наречен PowerRay, кој би им послужил на модерните риболовци во иднина. Со овој дрон и неговиот дополнителен сонарен систем може да одите длабоко во водите и да бидете во предност пред рибите.


Целиот потфат на ловење риби би го гледале со помош на камера и безжичен систем, а податоците можат да бидат емитувани преку iOS или Android апликации. А, доколку сакате да нурнете во акција PowerRay може да се поврзе со PowerVision VR очила.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.