x

Погледнете ги новите фотографии од Galaxy S8 во црна, сива и виолетова варијанта!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 20 Март, 2017 од GSM.mk

Новиот твит на Evan Blass открива три нови варијанти од Galaxy S8 во различни бои и неговата цена во евра!

Трите варијанти се познати под имињата: Black Sky, Orchid Grey и Arctic Silver. Официјалните опции за боите на уредот ќе бидат најавени на 29 март, а телефонот ќе биде претставен на 28 април. 

горен ред: Galaxy S8 Black Sky, Orchid Grey, Arctic Silver; Долен ред: Galaxy S8+ Black Sky, Orchid Grey, Arctic Silver

Според најновите информации, S8 доаѓа со 5.8 инчен Super AMOLED дисплеј со резолуција од 1440 x 2960 пиксели. Под хаубата ќе се наоѓа Exynos 8895 или Snapdragon 835 процесор, заедно со 4GB RAM и 64GB меморија. Камерите ќе бидат од 12 и 8 мегапиксели и батеријата од 3000mAh.

Galaxy S8 Plus ќе има поголем, 6.2 инчен дисплеј и батерија од 3500mAh. Двата доаѓаат со скенер за отпечатоци и iris скенер.

Инаку, покрај сликите, Blass ги најави и цените во евра. Galaxy S8 ќе биде 800 евра, а S8 Plus ќе биде 900 евра. 

Има заинтересирани? :)

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.