x

Погледнете ја поголемата слика: Самсунг и Ред Бул ги предизвикуваат потрошувачите со ново видео со екстремни спортови

Категорија: Забава Објавено на 04 Јуни, 2018 од GSM.mk

Видеото прикажува возбудлива активност на легендарниот скејтер Педро Баросво која гледачите можат да уживаат на големите QLED ТВ екрани

Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.)го претстави новото видео со екстремни спортовиво соработка со Ред Бул(RedBull) и легендарниот бразилски скејтер Педро Барос(Pedro Barros).Именувано како "Погледнете ја поголемата слика", новото видео ги повикува гледачите да ја доживеат акцијата и интензитетот на скејтбордингот, додека Барос се движи со скејтбордот низ структура моделирана по некои од најпознатите светскизнаменитости од градови како Барселона и Њујорк.

По успехот на првата соработка на Самсунг и Ред Бул во врска со екстремните спортови, насловена како„Види го неочекуваното“, новиот концепт го истакнува интензитетот на скејтбординг, истовремено демонстрирајќи ги можностите на КјуЛЕД (QLED) телевизорите на Самсунг. Достапни во модели со ултра-големи екрани со големина од 65 до 88 инчи, КјуЛЕД ТВ екраните може да прикажат највозбудлив и најживописен квалитет на сликата на пазарот денес, претставувајќи ја секоја боја и секое движење со беспрекорна јасност.

"На ултра-големиот екран на КјуЛЕД телевизорите, гледачите ќе имаат извонредно искуство додека го гледаат видео записотПогледнете ја поголемата слика’со Педро Барос. Возбудени сме што повторно соработуваме со Ред Бул зада можеме повторно да ја нагласимебрилијантноста на екстремните спортови преку екраните. Додека продолжуваме да ја развиваме нашата КјуЛЕД ТВ линија, нашите партнерства со брендови како Ред Бул играат суштинска улога во овозможувањето возбудливи содржини оптимизирани за гледање на премиум ТВ уредите.", рече Сунгхи Хан (Sunghee Han), Потпретседател на Одделот за Визуелни Екраниво Компанијата Самсунг Електроникс.

Во текот на видео, гледачите “патуваат“ низ неколку различни концепти преку креирање на виртуелниот скејт парк на два ката, во затворен простор. Додека Барос со својот скејтборд се движи низ поставената структура, се открива нова естетска димензија - од храбрата архитектура на Барселона и топлината на африканската пустина, се до бетонски џунгли во Њујорк и Сан Франциско. Глобално реномирани уметници, меѓу кои и РАЈНоАРТ (RYNoART), Стив Фавлер (Steve Fawler), Кристен Поулсен (Kirsten Poulsen), Софија Лангнер(Sophia Langner), Марко Реинхард (Marco Reinhardt), ПТЛН (PTLN), НеКСТ ЛеВеЛ (NXT LVL)иЦ-Бас (C-Bass)придонесоакон дизајнот на виртуелниот скејт парк. Целото нивно дело оживеа со помош од Старилејшн(Starelation) и мајсторот за градење нарампи-Андреас Шутценбергер (Andreas Schutzenberger), кој го заврши концептот за осум недели.


Ѕвездата во видето, Педро Баррос, е меѓународна спортска ѕвездапозната по освојување на шест златни медали, три сребрени медали и еден бронзен медал наИкс-Игрите(X-Games). Исто така, тој е и севкупно главниот носител на пехарот од Светскиот куп за Скејтбординг (World Cup Skateboarding), четири години по ред, од 2010 до 2013 година, а беше и трето пласиран во 2014 и 2015 година.


Видеото “Погледнете ја поголемата слика“ќе биде прикажано на КјуЛЕДТВ екраните во продавниците на Самсунгна почетокот на јуни, а сите кои сакаат ќе може да го погледнат и преку профилите на социјалните медиуми на Самсунг и Ред Бул.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.