x

Поиздржливи од сите други: Кои смартфони најретко се расипуваат?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 11 Јуни, 2019 од GSM.mk

Денес, на пазарот за смартфони една од најважните карактеристики е издржливоста на уредот.

Во овој сегмент долго време не се обрнуваше внимание на тоа, со оглед на фактот дека овие уреди имаат „ограничен рок на траење“, односно постојано се заменувани од понови и понови модели.

За среќа, производителите сфаќаат дека потрошувачите сакаат хардверски и софтверски издржливи телефони.

Според резултатите на компанијата за истражување на пазарот Harris Interactive, Huawei и Apple произведуваат најиздржливи телефони.

Во истражувањето биле анализирани извештаите после продажба  за 130.050 купени смартфони во продавниците на Fnac-Darty и била направена споредба за кои модели најретко биле активирани гаранциите и биле враќани уредите или биле барани поправки и сервис.

На листата најретко пријавувани смартфони биле моделите на три брендови - Honor, Huawei и Apple. Со оглед на тоа дека Honor е подбренд на Huawei, тоа значи дека кинескиот производител носи двојна победа.

Извештајот нуди интересни податоци за овие два бренда. На пример, доминацијата на Huawei е зрак надеж со оглед на тоа дека компанијата поминува низ геополитичко премреже. Иако на Huawei не престануваат да ѝ се трупаат проблеми, компанијата сепак произведува одлични смартфони.

Од друга страна, изненадува високото котирање на Apple, компанија што е позната по тоа дека планирано ги прави своите производи лесно заменливи со „следното најдобро нешто“. Сега, брендот е меѓу трите најдобри во поглед на издржливост на уредите.

Она што најмногу може да се истакне од извештајот на Harris Interactive е дека денешните корисници веќе не го „бркаат“ безумно следниот поголем смартфон, туку сѐ почесто се задоволни од она што го имаат и сакаат да продолжат да го користат, со што е можно помалку поправки.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.