x

Популарната игра Solitaire доаѓа на iOS и на Android

Категорија: Рецензии // Игри Објавено на 26 Ноември, 2016 од GSM.mk

Microsoft ја адаптираше својата популарна игра Solitaire за да може да се игра на уредите што користат iOS и Anroid. Играта со карти која постои на Windows повеќе од 25 години од сега ќе биде достапна и за другите платформи.

Таа ќе биде бесплатна за преземање, а од Microsoft се надеваат дека ќе привлече уште поголем број корисници од оние 119 што ја играат на Windows 8 и на Windows 10.

Microsoft Solitaire Collection ќе содржи повеќе игри како Spider, FreeCell и Tripeaks, а ќе има и дневни предизвици за играчите и можност за играње во мрежа.

Достапна ќе биде и Premium Edition верзијата која ќе биде достпана за 1.99 долари месечно, а нема да содржи реклами.

Корисниците на iOS можат да ја преземат играта од App Store, додека оние што имаат Android уреди ќе можат да ја преземат од Google Play Store.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.